Маргарет ван Мале има четиринаесет и пол години. Таа е престолонаследничка на Фландрија и сонува за белиот витез кој ќе ја поведе кон замокот во облаците. Но, сите витези кои таа ги среќава се премногу будалести за нејзиниот силен карактер и нејзината темпераментна природа. И еден ден, нејзиниот татко решава со кого таа ќе се омажи тоа лето…
Маргарет со свои зборови раскажува за нејзината лисичина коса која никогаш не може да биде уредна, за Вилем кој е господар на науката за бакнежи, за Родерик од чија вилица таа му искрши еден заб, за монахот Занекин кој смрди на кочина, за слободниот град Бриж и висечките натписи, за книгите на нејзината мајка со љубовни приказни полни со копнеж, за црвените улкуси на лицето на нејзиниот иден сопруг и за омразата која таа ја чувствува кон својот сопствен татко.