Der Wanderer
210 ден
Der Wanderer е втора поетска книга на Атанас Чупоски, по поетскиот првенче Концерт на труба во дур (2007). Освен како поет, Атанас Чупоски и‘ e познат на нашата културна јавност и како раскажувач, филмолог и публицист.
Најновиот поетски ракопис на Чупоски донесува четириесеттина лирски песни тематски групирани во седум циклуси. Како што кажува самиот наслов на книгата – Der Wonderer – што на македонски значи талкач, а авторот скита низ жанровски хибридни песни: хит-сингли, патописни песни, елегии, псалми, сновиденија и дијалози. Лиричноста е клучната доминанта во овие стихови, како и музикалноста, на која Чупоски инсистира како на негово поетско кредо уште во својата книга-првенец.
Талкањето и номадизмот ја претставуваат стожерната точка околу која арбитрираат стиховите на Чупоски. Се работи или за реални талкања, или за имагинарни, сомнамбулни визии и географски измислени топоси. Таа поетика на талкањето внесува извесен динамизам во лирските рефлексии на Чупоски и ја разигрува мисловната компонента на неговите стихови.
Лидија Капушевска-Дракулевска