ДОБРИ ВИБРАЦИИ, ДОБАР ЖИВОТ
500 ден
Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека заслужувате подобро, и работењето да го постигнете тоа.
Како да научите вистински да се сакате? Како да ги претворите негативните емоции во позитивни? Дали трајната среќа е илузија? „Добри вибрации, добар живот“ ќе ви ги одговори сите прашања.
Придружете се на револуцијата што ја покрена неверојатниот Векс Кинг откривајќи ги инспиративните пораки и универзалната мудрост што ќе ви помогнат да изградите прекрасна врска со себеси. Најдолгата врска што ја имате во животот е токму таа, па внимателно градете ја.
Надминувајќи ги животните препреки и пишувајќи за нив со мудроста од личното искуство, Векс Кинг стана извор на надеж за илјадници луѓе, а ќе ви помогне и вам:
да се грижите за себе, да ја надминете негативната енергија и благосостојбата да ви стане приоритет
да си ги промените верувањата, со што животот ќе ви отвори многу нови можности
да го победите стравот и да бидете во согласност со универзумот
да ја најдете својата повисока цел и да станете патоказ за другите.
Ако го промените начинот на кој мислите, зборувате и дејствувате, ќе почнете да го менувате светот. Зашто зборовите можат да повредат, но можат и да излечат. Векс Кинг ги користи за да го разубави животот на многумина, па зошто да не го правите тоа и вие?
„Совршен водич за сите кои трагаат по излез од темнината и кои сакаат да живеат прекрасен и исполнет живот.“
Луис Хаус, најпродаван автор на „Њујорк тајмс“