СНЕГАРОВ, Иван Јончев роден во Охрид, 1883 е истакнат славист, историчар, универзитетски професор и академик. Основното училиште го завршил во родниот град, Духовната семинарија во Цариград (1906), а Духовната академија во Киев со дипломска работа за Охридската архиепископија (1912). Учител бил во Солунската гимназија (1912/13), потоа во Учителската школа во Јамбол, па во Семинаријата и во гимназиите во Софија. Како ученик во Цариградската духовна семинарија бил раководител на организациона структура на МРО, а по Втората светска војна е редактор „Автономна Македония“ (1920–1923). Избран е за доцент по црковна историја (1926) и професор на Богословскиот факултет во Софија (1933), за дописен (1933) и редовен член на БАН (1943) и член на Македонскиот научен институт. Бил прв директор на Институтот за историја (1947–1950) и директор на Научниот архив на БАН (1951– 1959). Автор е на 660 библиографски единици – книги, студии и статии, поврзани главно со историјата, црквата и културата на Македонија.
Сето ова зборува за неговата огромна посветеност да се занимава со црковната историја
Историја на Охридската архиепископија 1 дел
1,000 ден
„Историјата дејствува и денес, како што ќе дејствува и утре. На изглед таа лежи заедно со одамнешните мртви, но во реалноста таа се движи и со нас живите, како сенка од нашите тела, зашто ништо човечко не настанува од ништо. Денешните собитија ги кријат своите корени во минатото, коешто е стебло на иднината.“
Вака охриѓанецот Иван Снегаров ќе го опише своето дело „Историја на Охридската архиепископија, кое е плод на неговата дипломска работа којашто произлегла по неговите студии во Киев на Духовната академија.
Цитат:
„…Споменот за Охридската архиепископија… не исчезнал. Осум векови таа го воспитувала православното население во Македонија и оставила неизбришливи траги во неговата душа. Како што ние ги наследуваме карактерните особини на своите родители, дедовци и прадедовци, така воздејствувала врз еден народ и неговата духовна мајка – неговата родна Црква, во чиј скут тој растел, под влијанието на нејзините вдахновени песни и мудри совети. Дали со прочуената револуционерна борба за автономија на Македонија не се одразувала несвесно вековната борба на Охридската архиепископија за својата автокефалија? Во тоа сум целосно убеден, како последица на моето изучување на животот на таа црква. Тоа убедување го искажав во својот труд за Охридската архиепископија.“
Она во што Снегаров длабоко верувал го искажал јасно во неговиот труд:
„Историјата на Охридската црква е историја на осумвековната духовна независност, би рекол, на духовна сувереност на Македонија. Историјата на последната нѐ уверува: дека, како што во старо време била основа за духовно обединување на балканските народи, така и сега таа може да се преобрати од јаболко на меѓубалкански раздори, во алка на општо-балканското братство.“