Коцкар
200 ден
Коцкањето и страста по рулетот биле многу повеќе од обична тема и инспирација за пишување за Достоевски – тој и самиот бил нивен зависник. Додека го пишувал Коцкар, бил под притисок да ги исплати своите коцкарски долгови. Можеби и затоа се олицетворува во главниот лик Алексеј Иванович, млад учител кај еден осиромашен руски генерал кој го прокоцкува своето наследство. Кога ќе дознае дека девојката за која е готов да го даде животот навистина го сака, тој нема сили да ја исчисти душата од својот порок и да ја отвори за нов живот со неа. Сфаќа дека згрешил, дека можел да има љубов, но толку е обземен од страста за ризик и за играње со животот, од страста да ужива во мигот кога повторно ќе добие што за него веќе не постои друга реалност. Длабоко во себе, тој знае дека греши и дека губи сѐ, но верува дека може повторно да застане на нозе, да воскресне, меѓутоа откако ќе добие – само уште еднаш…
Нема на залиха