КОНРАД – ИЛИ ДЕТЕТО ОД КОНЗЕРВАТА
399 ден
КЛИКНИ-ЧИТАЈ (првите страници од книгата)
Фабрика за деца, на заинтересираните им испорачува конзерви со веќе развиени, образовани и убаво воспитани деца. Главниот јунак Конрад, успева да се спаси од родителите на коишто им е наменет, токму со стекнување на здрава доза на непослушност и самостојност.
КРИСТИНЕ НЕСТЛИНГЕР е родена во 1936 година во Виена и им припаѓа на најуспешните современи писателки за литература за деца и млади. Меѓу другото, таа била одликувана со Германската награда за литература за млади, со Австриската државна награда и со наградата Ханс Кристијан Андерсен. За целокупното нејзино дело, како првонагредена, таа е добитничка на високо рангираната награда во спомен на Астрид Линдгрен. Образложувајќи ја одлуката нејзе да ѝ се додели оваа награда, жирито го изјави следното:
„Кристине Нестлингер навистина не сака да воспитува, исто онака како и Астрид Линдгрен. Нејзината многустрана и исклучително ангажирана дејност како писателка се карактеризира со беспоштеден хумор, остроумна сериозност и тивка топлина и таа безрезервно стои на страната на децата и на отпадниците“. Според зборовите на жирито при претставувањето на добитничката на оваа награда, ремек-делото на нејзините фантастични раскази е романот КОНРАД ИЛИ МОМЧЕТО ОД КОНЗЕРВА.