Павле (подоцна со монашко име Партениј), најпрво учи во манастирот Бигорски оттаму продолжува да учи кај Димитар Миладинов во Охрид, а патот на образованието преку Призрен Солун, Цариград и Атина го донесува под закрила на архимандрит Анатолиј во Света Гора. Овој свештен човек својот ученик го предал на рускиот царски двор па, Зографски бил причислен како духовник при рускиот царски двор и бил пратен да ја доврши семинаријата во Киев. Завршил на Московската духовна академија, како воспитаник на рускиот царски двор, каде се броел како духовен воспитувач на царските деца во Петербург. Бил испратен и во Париз каде поминал 6 месеци за да го изучува францурскиот јазик. Познавањето на древните јазици (старогрчки, латински, еврејски и старохалдејски) но и, руски и француски, му биле силна подлога да се впушти во учебникарство и просветителство на својот народ откако се вратил на овие простори.
МИСЛИ ЗА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК
199 ден
Партенија Зофрафски во текот на својот богат и неуморно активен живот бил – духовник, свештеник, монах, архимандрид, епископ, митрополит, аџија преродбеник, просветител, вероучител, професор, педагог, книжевник, учебникар, филолог, јазичен теоретичар, граматичар, славист, општественик, народен трибун, училишен реформатор, црковен реорганизатор, говорник, беседник, проповедник, неуморен собирач на народни умотворби.
Партенија е заслужен за препознавање на потребата, наместо на грчки, народот да се поучува на христијанската вера преку својот јазик и со тоа да се описменува.
Во книшката Мисли за Бугарскиот јазик тој за првпат лингвистички ќе се замисли над наречјата кои се говорот во Бугарија и Тракија и ова тука во Македонија, па ќе ги опише разликите меѓу нив залагајќи се овие одлики на македонското наречје да се земат предвид во пишување на една нова граматика која имал намера да ја состави.