❤️Како да се комбинира убавата и нежна слика на Христос со ликот на Страшниот судија?
🔷И во историјата на црковното обраќање до верниците има повеќе слики кои предизвикуваат страв за неисполнување на заповедите отколку што поучуваат за срам за недостигнување на љубов. Божјиот лик кој владее со луѓето со страв одврати многу луѓе од Црквата во модерното време. Меѓутоа, кога му свртеле грб на Бога, луѓето не престанале да се плашат. Напротив. Стравот се прелеа во сите сегменти од животот… Потешко е да се справиш со него.
🔶Христос нè враќа кај нас самите. Можеш сентиментално да се занесуваш како да го почитуваш и сакаш Бог, но што ти вреди тоа ако ништо од твојот живот не вложиш во Бога во Божјите созданија. Бог е во нас и во луѓето околу нас и не можеме да го изолираме и да го ограничиме на некаква наша психолошка сопственост. Каде е Бог, каде е Христос?