Џереми Марш еднаш се заколна дека нема да направи три работи: да го напушти Њујорк, да го подари своето срце откако преживеа еден пропаднат брак, и најмногу од сè, да не стане татко.
Сега Џереми живее во едно гратче наречено Бун Крик, Северна Каролина, оженет е со Лекси, жената која ја сака, и го очекуваат раѓањето на нивната ќерка. Неговиот животот изгледаше средено – сè додека не се појави една вознемирувачка и мистериозна порака од минатото. Раните кои мислеше дека се залечени, повторно се отворија, и Џереми сфати дека неговиот поранешен живот е поблиску отколку што мисли.
Николас Спаркс ги разоткрива тајните на човековото срце
„Спаркс обрнува внимание на тешкотиите и напорот кои ги вложуваат луѓето кога се прилагодуваат на заеднички интимен живот.“ Irish News
„Длабоко трогателна, прекрасно напишана.“ Booklist
„Првокласна… ваквите вешто напишани книги докажуваат дека се работи за умешен и убедлив писател.“ Amazon.co.uk