Како да ги претвориш трите тајни во вештина!
Лидерите на американската и на јапонската индустрија направија оваа книга да биде задолжително четиво за сите нивни менаџери.
Овие книги покажуваат како техниките на менаџерот `една минута` можат да бидат применети во секојдневната практика за подобрување на перформансите, продуктивноста и профитот. Нивната порака е дека нема брзо решение. Клучот на успешниот менаџмент е во убедувањето и постојаноста.
Менаџерот `една минута` во акција е суштинско четиво за сите оние кои тежнеат кон менаџментот, и кон доброто раководење.
Создавање тим заради заштедување на време!
Менаџерот „Една Минута“ создава високо-ефикасни тимови, ги објаснува четирите фази во создавањето на високо-ефикасен тим – Ориентирање, Незадоволство, Интегрирање и Произведување – и открива како да ја поттикнете креативноста и потенцијалот на луѓето од сите нивоа, за да станете ефективен лидер на група.
Во последниве пет години, Ситуациското Лидерство беше камен-темелник на нашата програма за менаџментска обука. Сега, преку оваа книга која поттикнува на дејствување, моделот е достапен на секого.
Лидерство и Менаџерот „Една Минута“ оди право кон суштината на менаџментот, опишувајќи ефективни, прилагодливи стилови на Ситуациското Лидерство.