🈯Низ историјата, некои книги го променија светот. Тие инспирираа дебати, несогласувања, војни и револуции… Аналектите, познати и како Изреките на Конфучиј, е древна кинеска книга составена од изреки и идеи кои му се припишуваат на кинескиот филозоф. Тоа е запис од учењата и разговорите на Конфучиј со неговите ученици и нуди безвременска мудрост за тоа како да се живее морален, етички и значаен живот. Задолжително четиво за секој кој е заинтересиран за источната филозофија, моралот и начинот на размислување на мудрецот. Аналектите е суштински водич за разбирање на конфучијанизмот и неговите учења и обезбедува непроценливи совети за поединци кои сакаат да ги подобрат своите животи и да изградат значајни односи во општествената средина.
”
🈯Книгата за петте прстени е класичен јапонски текст од непобедениот филозоф и самурај Мијамото Мусаши. Мусаши ги засновал своите дела на сопственото искуство, набљудување и разум. Оваа книга, која беше прифатена од американските бизнисмени како класично дело на деловната стратегија, а е напишана во 1643 година од непобедливиот самурај Мусаши и до денес е непресушна инспирација за небројна низа на генерации. Читајте ги поуките на Мусаши како поуки од најновите бизнис-менаџмент гуруа. Секој би можел да успее во бизнисот спроведувајќи ја проникливоста за конфликт и стратегија на Мусаши.
🏷Пакет понуда – 720 ден
📲078222189
🌐ikona.mk