🏦На што се мисли кога се зборува за архитектонски квалитет?
🕌Не ми е многу тешко да одговорам на ова прашање. Квалитетот во архитектурата не значи – барем не за мене – да се биде вклучен во архитектонски водичи или истории на архитектурата или, пак, објавување на мојата работа во ова или она издание. Квалитетна архитектура за мене е кога некоја градба успева да ме трогне.
– Петар Цумтор
🕍Помеѓу градбите на Петер Цумтор и нивната околина постои некаква размена, давање и земање. Некој вид на внимателност. Облагородување. Зборовите како атмосфера и расположение неминовно ни доаѓаат на ум кога сме очи в очи со архитектурата на Цумтор; совршено искалениот осет со кој се изградени неговите простори веднаш се пренесува на набљудувачите, жителите, посетителите и непосредното соседство.
🛕Очите на кожата, стана класика во архитектонската теорија. Со надмоќ во дигиталната и насекаде присутната употреба на електронската слика, тоа е тема која стана итна и примарна.
🕍За секој студент што првпат го проучувал Паласмаа, Очите на кожата е откровение. Тоа е убедливо целосно освежување во архитектонската култура. Третото издание ја исполнува желбата на читателот за понатамошно разбирање на контекстот на размислувањето на Паласмаа, со обезбедување на нов есеј од архитектонскиот автор и предавач Питер Меккит. Новото издание, исто така, обезбедува предговор од меѓународно познатиот архитект Стивен Хол и ревидиран вовед од самиот Паласмаа.
💒Јухани Паласмаа е еден од најистакнатите фински архитекти и архитектонски мислители. Неговите претходни работни места вклучуваат: ректор на Институтот за индустриски уметности, Хелсинки; директор на Музејот на финската архитектура, Хелсинки; и професор и декан на Факулетот за архитектура, Хелсинки Универзитет по технологија.