ПАКЕТ ПОНУДА со попуст Православието на дланка
898 ден Original price was: 898 ден.710 денCurrent price is: 710 ден.
Пакетот е составен од книгите:
Точно изложување на православната вера од св. Јован Дамаскин
Светата тајна на љубовта од Павле Евдокимов
Цената е со попуст од 20%
Просечната личност, буржуј по дух, нема ни желба, ни време да се интересира за девственоста и, на ист начин, се познава себе предобро, да не ја презира сопствената брачна положба во внатрешноста на срцето.
Св. Јован Златоуст: „Ссовршените брачници не се инфериорни во однос на монасите, тие можат да покажат подобри добродетели отколку монасите. Но секако, да се венчаш, исто како и да станеш монах значи да преземеш апсолутен ризик…“
Словесниот дел на душата се дели на внатрешно слово и на слово што се изговара. Внатрешното слово е движење на душата што се одвива во областа на разумот, но без какво и да е изговарање; оттука, многупати, макар и молчејќи, во себе реализираме целосен разговор, а во соништата водиме дијалози; имено, затоа сите ние и сме словесни суштества. Зашто, ниту оние што од раѓање се неми, како ни оние што поради некаква болест или несреќа ја изгубиле способноста за зборување, не се ништо помалку словесни. Уснениот збор, од друга страна, своето дејство го има во моќта на говорот и во усното изговарање, односно, тоа е збор што го произнесуваме со јазик и со уста, поради што и се нарекува уснен збор; тој е гласноговорник на умот. По него и се нарекуваме глаголиви битија.