Како подобро да ви ја претставиме книгата 400 Глави за љубовта освен да ви пренесеме неколку од нив…
Св. Максим Исповедник за ова дело кажал: „испратеното дело не е плод на мојата мисла, туку, откако ги прочитав
делата на светите отци, го извлеков од нив она што го насочува умот кон мојот предмет и опширните расудувања
ги сведов во облик на кратки глави, за да бидат лесни за разбирање и полесни за помнење…“
Од љубовта кон пријателите нè одделува следното: ако завидуваме или ако сме предмет на завист, причинувањето или претрпувањето на штета, нанесувањето или претрпувањето на нечесност, и помислите возникнати од недоверба. Затоа, немој да го правиш ова самиот, и не давај им повод на другите да го прават истото, за да не бидеш отфрлен од љубовта на својот пријател.
Има три причини за љубовта кон богатството: љубовта кон насладувањата, суетноста и неверието. Најтешко од сите е неверието.
Кога си натажен од некого или понижен од нешто, чувај се од гневни помисли, за поради тоа оскрбување, да не те преселат во царството на омразата, откако ќе те одделат од љубовта.
Подвижник за љубовта се собрани сведоштва на сите оние кои биле благословени да се сретнат со благодатта на старец Прфириј.
Зашто безбројни се даровите што Светиот дух му ги подари на старец Порфириј.
Кога се користел со својот дар за расудување, му се откривале скриените страни на човечките помисли. Со помош
на Божјата благодат, во состојба бил истовремено да го види минатото, сегашноста и иднината. Потврдувал дека Бог знае сè
и може сè. Го набљудувал и го допирал созданието во целата вселена, се до длабочините на човечките души и историјата.
„Благодарејќи на големиот дар за расудување што го поседуваше, спрема секој поединечен случај се однесуваше на
соодветен начин. Неговиот став кон луѓето не беше еднообразен, зашто знаеше каков совет секој човек може да прифати.
Ако десетмина го прашаа за ист проблем, во состојба беше да даде десет различни одговори. Во тоа се состои индивидуалниот пастирски пристап…“
„Се чудам зошто толку свет доаѓа кај мене. Јас не чувствувам дека кажувам нешто посебно големо. Го кажувам само она што Бог во тој час ме просветлува да го кажам.“ – Старец Порфириј