Што ќе се случеше доколку Теслината кула Ворденклиф сепак профункционираше?
Ова се можните последици што требаше да ги очекуваме од Теслината кула, Ворденклиф, имајќи го предвид Теслиното зачудувачко знаење кое е сѐ уште недостигнато од современата наука:
🔸 Да ја вибрира јоносферата
🔸 Да зема енергија од етерот
🔸 Да отвори временски прозорци во паралелни светови
🔸 Да ја забрза менталната еволуција на човештвото
🔸 Да ја транспорира планетата Замја во паралелни реалности по волја: ако го комплетираше својот систем од пет радиодифузери и ги пуштеше во употреба, Тесла ќе можеше да ја донесе целата планета Земја, како единствен резонантен систем во состојба на осцилација специфична за некој друг сегмент на реалноста и со тоа физички да нѐ пресели во паралелен свет…
📜За животот, патешествијата во младоста, страста за науката, елитата во Америка, за преданоста на визионерството, за духовноста и филозофијата сеприсутни во работата на Тесла ќе најдете во оваа книга такви податоци кои сигурно не сте имале можност да ги сретнете досега во ниедна книга за него, иако се напишани многу.
✒Пред 2500 години, Сун Цу ја напиша книгата Уметноста на војувањето, како воена стратегија врз основа на кинеската воена мисла. Од тоа време, сите нивоа на војската го користат учењето на Сун Цу во војна, а цивилизацијата ги адаптираше овие учења за употреба во политиката, бизнисот и секојдневниот живот. Уметноста на војувањето е книга која треба да се искористи за да се придобијат предности против противниците и во салата за состаноци и на бојното поле.
Знаj кога да се бориш и кога да не се бориш: избегнувај го она што е силно и нападни го она што е слабо. – Знај како да го измамиш непријателот: изгледај слаб кога си силен и силен кога си слаб. – Знај ги твоите силни и слаби страни: ако го познаваш непријателот и се позаваш себе си, не треба да се плашиш од резултатите од сто битки.