Патеводител во православната вера
1,098 ден Original price was: 1,098 ден.899 денCurrent price is: 899 ден.
Како да стигнете до правилно расудување во секој момент од вашиот живот?
🧡Извадок
Волја се нарекува и она што зависи од нас и она
што не зависи од нас, односно она што може и она
што не може да се оствари… Можеме, меѓутоа, да посакаме да станеме цар, но остварувањето на таа волја не зависи од нас.
Сигурно би сакале и да сме бесмртни, но тоа не е
можно.
Но, разумната волја се однесува на целта, а не на тоа што води до нејзино остварување.
Целта е предмет на волјата, на пример да станеме цар
или да оздравиме; но начинот на кој се остварува
целта, односно начинот на кој треба да станеме здрави
или да станеме цар, е предмет на наше преиспитување.
Потоа, по актот на желбата, доаѓаат обмислувањето и
испитувањето. А по ова, ако целта е во рамките на
нашите можности, се јавува преиспитување или
разгледување; преиспитувањето е стремеж да ги
испитаме сопствените можности; човекот обично
преиспитува дали да изврши нешто или не, по што
расудува за тоа што е подобро – тоа се нарекува
решение – и донесува одлука. Потоа следи
расположеност и настроеност во таа насока и се јавува
љубов спрема одлуката донесена со преиспитувањето,
за да се оформи намера, односно душата ја избира својата насока и ја следи. Зашто, ако направиме избор без да сме настроени позитивно спрема тоа што е избрано, односно не ја пројавуваме спрема него својата љубов, тоа не е мислење. По таквото настројување, пристапуваме кон доброволно решение или избор; зашто да се направи слободен избор значи да се претпочита и посочува едната од двете можности. По ова, човекот започнува да дејствува, што се нарекува поттик. Како резултат на дејството, човекот ја остварува целта и ја ползува. На тој начин, стремежот се успокојува.
🏷Пакет понуда 899ден✔
⏳број на страни од 284
за нарачки:
📩 инбокс
📲078222189
🌐ikona.mk