Православната црквата и соврмениот свет
Така целата состојба на човекот претставува еден предизвик за Црквата, еден трагичен повик сличен со повикот на Македонецот: „Премини во Македонија и помогни ни“. (Дела 16,9)
Содејството, т.е. Богочовечкото содејство (синергија) за нашето спасение, не е замисливо од страната на човекот без аскезата. Бог ги спасува оние коишто сакаат да се спасат. Сакам да се спасам значи се борам да се спасам
Една сериозна причина за оваа криза е тоа што христијаните кои стапуваат во брачната заедница не го живеат бракот како Тајна.
За молитвата
„Господ е неискажливо милостив, но ни се дава во мера во која што ние обдарените со неограничена слобода, сме подготвени да Го примиме“, напиша отец Софрониј.
…Ако добро се хранам, за моето тело да го одржам силно, тогаш плотта си го бара своето, и сè повеќе и повеќе: нему не му е до молитва. Ако го смирувам телото со прекумерен пост некое време во болно воздржување, создавам поволна основа за молитва, но тогаш телото заслабува и одбива да го следи духот. Ако беседам со добри луѓе, се случува да чувствувам емоционално задоволство, понекогаш добивам ново психолошко или интелектуално искуство, но многу ретко импулс кон длабока молитва. Ако сум доволно надарен за сериозна научна работа или уметничко творештво, мојот успех ќе биде повод за суета, а во тој случај станува сосема невозможно да се најде длабоко срце – место за духовна молитва.
Ако сум богат и зафатен со размислување за тоа како да ја искористам моќта поврзана со богатството или можноста да овоплотам некои од моите идеи, или да ги задоволувам моите естетски и духовни желби – мојата душа не се вознесува кон Бога, таков како што го познавме преку Христа. Ако се повлечам во пустината, одрекувајќи се од сиот свој имот, и тогаш спротивставувањето на сите космички енергии ќе ја парализира мојата молитва. И така во бескрај…
Овој пакет може да го добиете со попуст од 16%.