Донкихотски херој на оваа модерна класика, е Стејнарод Хлидар, дарежлив, но многу сиромашен човек од деветнаесеттиот век. Тој живее мирно на мала фарма на Исланд, со својата сопруга и двете мали деца кои што ги обожава.
Но, еден ден тој ке му го подари нивното бело коњче на кралот на Данска, којшто е во посета на Исланд; а тоа коњче неговите деца го сакаат премногу…
Тој настан придвижува синџир на катастрофални настани коишто ке го остават неговото семејство во урнатини, а тој ке се најде на другиот крај на светот, оптимистички градејки дом за нив, мегу побожните полигамисти во Ветената земја во Јута.
Во мегувреме, кога растуреното семејство повторно ке се соедини, Лакснес ја свртува неговата извонредна мешавина од сочувство и комично брутална сатира, составена подеднакво од елементи на басна, фолклор и од најскромни вистини.