AVAILABLE IN HARD AND SOFT COVER
12cm x 17cm
Acid free paper
192 cream colored and lightly lined uncoated pages with complementary art
A valued companion piece for thinkers, writers and artists to record their thoughts, notes, and sketches, these blank journals include intriguing quotes and unique illustrations from literary classics.
Presented on acid free, cream colour paper, to archival quality standards, the stitch-bound and lined pages of Publikum notebooks are a convenient canvas for personal creativity. Available in hardcover editions.
ДОСТАПНИ СО МЕКА И ТВРДА КОРИЦА
12cm x 17cm
Без киселинска хартија
192 крем обоени и лесно обложени страници со линии и комплементарна уметност
Ова е ценовно придружно дело за мислителите, писателите и уметниците да ги документираат своите мисли, белешки и скици, овие празни нотеси вклучуваат интригантни цитати и уникатни илустрации од книжевните класици.
Презентирани на без киселинска хартија во боја, според архивски стандарди за квалитет, врзани за бод и со страници со линии, тетратките Публикум се погодно платно за лична креативност. Достапно во изданија со тврд корица.
Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, – чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.
Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.
А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!
Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!
Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.
В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.
Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!
И со таа птица света, што пред малку тука сета
одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”
Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”
Но Гавранот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”
В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”
Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”
„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”
А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне
oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”
—Едгар Алан По