Дениз Хилтон, млада самохрана мајка вози низ Едентон, Северна Каролина, кога нејзиниот автомобил излетува од патот за време на една бура.
Со неа патува нејзиниот четиригодишен син Кајл, кој има големи тешкотии во учењето и за кој таа жртвувала сè. Кога пожарникарот волонтер Тејлор Мекаден ќе ја пронајде, таа е во бессознание и е облеана во крв, но кога ќе се разбуди се соочува со уште пострашна вистина: Кајл го нема.
Соочен со развиорени пожари или смртоносни сообраќајќи, Тејлор се чувствува должен да се впушти во застрашувачки ризични ситуации, за да спаси животи, а потрагата по Кајл не е исклучок. Но, има еден судбински ризик за кој Тејлор не може да собере храброст да го направи, а тоа е да се посвети на сериозна врска. Дали оваа случајна средба со Дениз, ќе направи некаква разлика?
„Болно потресна… ќе Ве расплаче поради радоста и трагедијата.“
Daily Mail