Во почетокот беше словото
499 ден
📖Извадок од книгата
🧡Верата – израз на слободата
Верата разбрана како сознание за она што ќе се случи, иако тоа сѐ уште не го гледаме, подразбира слобода. Во секојдневниот живот она што го гледаме нѐ принудува да го признаеме за постоечко, што ја исклучува слободата. Согледувањето на стварноста која е невидлива е можно благодарение на слободата кој е дар на Светиот Дух зашто „каде што е Духот
Господов, таму има слобода“ (2.Кор.3,17).
🧡Слободното постоење подразбира надминување на сите слабости и ограничувања на природата: гревот, злото, и самата смрт. Основата на постоењето на оној кој е ослободен од смрт е верата во Воскресението Христово. Тоа е воедно и основа на личноста на секој христијанин, зашто да се биде личност, всушност, значи слободно и вечно да се постои. Оној, пак, кој
смртта ја прифаќа како своја последна реалност не може да се реализира како личност.
📜„Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.“
(Јован.1,1)
📜„И Словото стана тело и се всели во нас.“ (Јован.1,14).
⏳број на страни од 178
за нарачки:
📩 инбокс
📲078222189