🌼„Господ е неискажливо милостив, но ни се дава во мера во која што ние обдарените со неограничена слобода, сме подготвени да Го
примиме“, напиша отец Софрониј.
🌼Ако добро се хранам, за моето тело да го одржам силно, тогаш плотта си го бара своето, и сè повеќе и повеќе: нему не му е до молитва. Ако го смирувам телото со прекумерен пост некое време во болно воздржување, создавам поволна основа за молитва,
но тогаш телото заслабува и одбива да го следи духот. Ако беседам со добри луѓе, се случува да чувствувам емоционално задоволство, понекогаш добивам ново психолошко или интелектуално искуство, но многу ретко импулс кон длабока
молитва. Ако сум доволно надарен за сериозна научна работа или уметничко творештво, мојот успех ќе биде повод за суета, а во тој случај станува сосема невозможно да се најде длабоко срце – место за духовна молитва.
Ако сум богат и зафатен со размислување за тоа како да ја искористам моќта поврзана со богатството или можноста да овоплотам некои од моите идеи, или да ги задоволувам моите естетски и духовни желби – мојата душа не се вознесува кон Бога, таков
како што го познавме преку Христа. Ако се повлечам во пустината, одрекувајќи се од сиот свој имот, и тогаш спротивставувањето на сите космички енергии ќе ја парализира мојата молитва. И така во бескрај…
АКЦИЈА Тинејџерски пакет
449 ден – 549 ден
АКЦИЈА Православна Литература
449 ден – 799 ден
За Молитвата
449 ден
SKU:
IK_99127
Категории Книги, Публицистика, Македонски, Теологија, ЛЕТО 2022
ОПИС