Насмевката е најдобриот лек за сè… Особено насмевката која се издигнала над сите неволји и преживеала многу несреќи. Насмевката која доаѓа откако си спознал дека многу ситуации во животот ги сфаќаш пресериозно.
Многумина не се сеќаваат кога последен пат се насмеале од срце, зашто мислат дека треба да си којзнае колку среќен и среден за да се смееш до солзи… Не, верувај!
Животот не е лесен и се состои од многу непредвидливи ситуации, од многу бури и невремиња, предизвици, препреки и слепи улици вo кои попатно ја губиш насмевката… Ја снемува…
Затоа, не дозволувај лесно нешто и некој да ја „убие“ твојата насмевка, таа е најголемиот противотров за сите неповолни периоди низ кои порано или подоцна сите поминуваме.
Не престанувај да се смееш бидејќи од насмевката се раѓа среќата.