Житија на Светителите (јули-декември)
800 ден
За некои од Богоугодниците се составени житија, во кои се опишува нивниот живот и со какви доблести се одликувале.
Апостолите на пример, го проповедале Евангелието на Царството Небесно и повеќето од нив пострадале маченички… Подоцна се појавуваат и други проповедници, наречени равноапостоли, како што се словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, или св. Нина, просветителка на Грузија и др.
Мошне голем е бројот на мачениците, мажи и жени, кои ја посведочиле својата вера со крвта своја.
Други пак биле црковните учители – богослови, заштитници на православието од лажните еретички учења, како св. Атанасиј, св. Григориј Богослов и др., или биле свети пастири на Христовото стадо, на пример св. Никола. Некои пак се одделиле од светот за да соберат духовни сили преку пост и молитва и да привлечат ученици околу себе, кои ќе бидат
пример со својот живот како на пример св. Антониј, Иван Рилски и др.
Има и лекари – чудотворци, како св. бесребреници Козма и Дамјан итн.
За некои од овие светители, главно оние кои се наведени во нашиот календар, се составени житија уште во нивно време или непосредно пред нивната смрт. Овие житија се во скратен вид за да ги читаат побожните христијани за своја поука и да земаат примери од животот на светителите – секому според дарбата дадена од Бога, како што кажува
св. апостол Павле.
Житијата на светите треба да се читаат не како обична книга, туку со побожност и вера, како што ги читаме книгите од Светото Писмо.
Тогаш читателот ќе има корист и душеспасоносно дејство.